Во Скопје лежи темпирана бомба-наследство од хемискиот гигант ОХИС
Foto

Во Скопје лежи темпирана бомба-наследство од хемискиот гигант ОХИС

Од некогашниот хемиски гигант Скопје во наследство доби темпирана бомба

Запуштената база на ОХИС  крие резервоар -наизглед дотраен, а внатре полн со опасниот винил хлорид, кој под несакани временски услови може да предизвика хаварија на ниво на Скопје. Претпоставките се дека има 14 тони, но никој не направил увид што има внатре.

„Освен со проблемот за винил хлорид другиет проблеми ми беа познати се консултирав, но винилот е хемикалија која ја нема нигде во Европа,  не знаев со што ќе се соочам.“  вели Владо Момировски -управител на ЕКОЦЕНТАР 97.

Овој резервоар бил изненадување и за сопственикот на „Екоцентар 97“ кој преку тендер се нафати да се справи со 11 видови на опасен отпад, негов а и прв ваков предизвик на државата. Најопасниот, хлорот е веќе изнесен од државата. Последните 20 години никој не го контролирал овој отпад. Десетина месеци резервоарот со винил хлорид е под 24 часовен надзор, а Момировски тврди дека секојдневно пишуваат извештаи и водат сметка за ладилникот. Но, главниот проблем е што никој не се нафаќа да го уништи, а во Европа има само два инсенератора за согорување на оваа хемикалија објаснува Момировски .

„На такви високи тт над 20 степени не е препорачливо и законски не е дозволено да се оперира со таков вид на опасен отпад. Ниеден од нашите потенцијални партнери во германија холандија и др кои ги контактиравме не сакаше ни да дојде  да прави увид а камоли да прави преточување.  Се додека не се прави увид преточување во специјални садови  и не се знае точна количина не може да почнеме постапка за дозвола за извоз и согорување“ - вели Владо Момировски.

Најголемата опасност со која сериозно ќе се зафати и државата и меѓународните институции е канцерогениот линдан закопан во две депонии во ОХИС, од кој се загадени и подземните води, а миризбата се шири и воздушно со секој ветар во Скопје. Но, уште пострашно е што во близна на овој опасен пестицид активно работеле неколку фирми.

Ова земјиште зад мене е големата депонија со линдан во ОХИС. На само неколку чекори тука работела италијанска фабрика за производство на чевли, која е дислоцирана од пред еден месец, откако државата носи одлука за чистење на овој отпад

Организацијата на ОН ( УНИДО) распиша меѓународен тендер до крај на годината  да се избере технологија за чистење на линданот. Прво ќе се почне кој од малата депонија. Процесот на деконтаминација најверојатно ќе трае со години а финансиски го покрива и нашата влада со мал удел од милион евра. Но, освен линданот, и останатите 11 опасни хемикалии во дворот на некогашниот првенец во органско-хемиската индустрија има и  други  отрови за кои  уште не станало ниту збор. А и во минатото и сега сите креваат раменици правдајќи се дека не се знае што се останало.

0 Коментари

Остави коментари