Во Штип ќе гласаат 195 болни и немоќни лица
Foto

Во Штип ќе гласаат 195 болни и немоќни лица

92 годишната Стојанка Демјанска досега не пропуштила избори. Таа и денес го даде својот глас заедно со 196 штипјани чии барања беа прифатени од Општинската изборна комисија. Годините не и дозволуваат да зборува долго ама задоволна е што сега кога здравјето е попуштено може да гласа и дома.

Дома гласаше и нејзиниот сосед што живее неколку куќи подолу во штипското маало Кадидере. Му помага сопругата Марика, која вели дека е добро да се слушне гласот на сите граѓани кои од различни причини не можат да дојдат на избирачките места. 

Денес се гласа и во штипскиот затвор. Со протоколи, маски и дезифинценси гласаа 192 осуденици од вкупно 40 општини. Не се очекуваат проблеми, а гласачките ливчиња во посебни пликоа ќе бидат доставени до општинските изборни комисии. 

Вчера во Штип гласаа лицата во домашен карантин. Пријавени беа 45 луѓе, но гласале 43. Еден од пријавените во меѓувреме бил хоспитализиран на инфективно, а другиот немал важечка легитимација.

0 Коментари

Остави коментари