Во САД може да се заразат од 1.6 до 2.2 милиона лица
Foto

Во САД може да се заразат од 1.6 до 2.2 милиона лица

Бројот на заразени со коронавирусот забрзано расте. Утрово се регистрирани вкупно 787 илјади случаи на заболени од коронавирус а досега починале 37.000 лица. Во Италија, која е најтешко погодена од епидемијата и каде се регистрирани една третина од смртните случаи, карантинот продолжен до 12 април.

Италија и Шпанија, двете најпогодени земји во Европа, веќе ја надминаа Кина, каде што се потврдени нови 48 случаи на коронавирус, сите кај лица дојдени од странство. Во Вухан, градот од каде коронавирусот се прошири низ светот, веќе една недела нема нов случај на зараза. 

„Иако најголемото внимание сега е свртено кон Европа и Северна Америка, пандемијата е далеку од завршена во Азија. Ова ќе биде долготрајна борба и не смееме да попуштиме. Потребно е секоја земја да одговори согласно локалната ситуација.“ - изјави Тедрос Адханом Гебрејесус - генералниот директор на СЗО.

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо ги повика на помош сите здраствените работници од САД, бидејќи во државата веќе се заразени над 66.000 лица. Федералните власти пак ги предупреди дека она што сега се случува во Њујорк може да се очекува и во другите делови на САД. 

„Ги замолувам здравствените професионалци од цела земја, ако немаат криза во својата заедница, да дојдат и да помогнат. Бројките се запрепастувачи. Досега изгубивме повеќе од 1.000 жители.“ - изјави Ендрју Куомо – Гувернер на Њујорк.

Член на Координативниот штаб за борба со коронавирусот во Белата куќа предупреди дека доколку Вашингртон не направи ништо, можно е да се заразат помеѓу 1.6 и 2.2 милиони лица, од кои од 100 до 200 илјади би починале.

„Тоа е најлошо сценарио, додека најоптимистичното сценарио е заразеност до 200 илјади луѓе, но само доколку наредбите за карантин се почитуваат во целост.“ - изјави д-р Дебора Биркс.

Во моментов, во задолжителен карантин се наѓаат речиси две третини од вкупното население на САД... Во Германија во последните 24 часа има 4.615 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка порасна на 61.193.

Научниците од Универзитетот „Јоханес Гутенберг“ ПАК ВЕЛАТ ДЕКА Пикот на заразата од коронавирусот во државата може да се очекува дури во јуни. Завршувањето на епидемијата во Германија се очекува дури во август.

0 Коментари

Остави коментари