Во Ротердам меѓу банани пронајдени повеќе од две тони кокаин
Foto

Во Ротердам меѓу банани пронајдени повеќе од две тони кокаин

Холандската полиција во пристаништето Ротердам заплени повеќе од два тони кокаин чија вредност е проценета на повеќе од 151 милиони евра, соопштија локалните власти.

Според обвинителството во Ротердам, 2.020 килограми кокаин биле пронајдени во пратка банани од Еквадор која била наменета за унгарска компанија.

Пристанишните цариници на Ротердам минатата година заплениле вкупно 38 тони.

0 Коментари

Остави коментари