Во Португалија воведуваат полициски час во новогодишната ноќ
Foto

Во Португалија воведуваат полициски час во новогодишната ноќ

Во новогодишната ноќ во Португалија стапува на сила во 23:00 часот полициски час како делод мерките за намалување на ширењето на новиот коронавирус. Тоа го изјави синоќа премиерот Антонио Коста.

– Мораме целосно да ги исклучиме новогодишните прослави, изјави Коста по видео состанок со министрите, додавајќи дека на луѓето нема да им биде дозволено да ги напуштат своите домови од 1 до 5 часот наутро од 1 до 3 јануари.

Пред две недели, Коста рече дека луѓето ќе можат да се вратат дома пред полицискиот час во два часот по полноќ на новогодишната ноќ. Но, претходно најавеното преоценување на мерките ја зеде предвид сегашната пандемска состојба и ја принуди владата да преземе поостри мерки.

– Бројот на случаи се намалува неделно, но не толку брзо како порано, рече Коста, објаснувајќи дека владата одлучила да ги заостри мерките пред Нова година, но правилата околу Божик не се толку строги.

Нема ограничување на бројот на луѓе кои можат да се соберат по домаќинство за Божик, а забраната за патување во државата нема да биде на сила од 23 до 26 декември.

Португалија, со нешто повеќе од 10 милиони жители, има 362.616 заразени од Ковид-19 век и 5.902 смртни случаи.

0 Коментари

Остави коментари