Во поплавите во Кина загинаа над 200 лица
Foto

Во поплавите во Кина загинаа над 200 лица

Најмалку 201 лице загинаа, а 63 се водат како исчезнати во големите поплави кои ја погодија Кина во текот на јули и август, соопштија локалните власти.

Последните поплави се случија во провинцијата Сичуан, каде според последните податоци загинаа осум луѓе, а 23 се водат како исчезнати.

Претходно овој месец загинаа 39, а исчезнаа девет лица при ударот на тајфунот Лекима.

Вкупниот биланс на жртвите минатиот месец изнесува 154, а повеќе од 1,3 милиони луѓе се раселени поради невремето.

0 Коментари

Остави коментари