Во понеделник се отвора ковид-болница во белградска „Арена“ со 500 кревети
Foto

Во понеделник се отвора ковид-болница во белградска „Арена“ со 500 кревети

Српските власти одлучија повторно да ја активираат привремена ковид-болница во спортската сала Арена откако во изминативе недели нагло почна да расте бројто на заболени во државата..Во земјата се регистгрирани нови 300 заболени а починаа 11 лица. Особено е сериозна состојбата во Белград, каде на сила е прогласена  вондредна состојба и Нови Пазар каде напомош е повикана и армијата.

„Веднаш започнавме со опрема на новата воена болница.поставени се кревети и шатори а стигнаа и 40 медицински лица од сите воени здравствени установи. За неколку часа ќе бидат згрижени првите пациенти. Ќе останеме тука се додека е потребно.“ - изјави Генерал Мајор Угљеша Јовичиќ – началник на управата за воено здравство.

Во Албанија, каде секојдневно се зголемува бројот на заразени со Ковид-19, според последниот извештај на Министерството за здравство регистрирани се вкупно 2.752 случаи. Од почетокот на епидемијата во земјата, со коронавирус се дијагностицирани 110 деца, од кој најмалото има само еден месец.

По вчерашниот негативен рекорд од 90 новозаразени во едно деноноќие, министерката за здравство Огерта Манастирлиу предупреди дека меѓу новозаразените и оние кои болнички се лекуваат со тешки симптоми, се поголем е бројот на млади лица.

„Многу млади денес со чест контакт едни со други, без почитување на правилата, ја зголемуваат можноста за ширење на инфекцијата и ја пренесуваат на родителите, бабите и дедовците, ставајќи ги во сериозна опасност.“ - напиша албанската министека за здравство на фејсбук.

Повторно расте и бројот на заболени во Словенија а во последните 24 часа биле потврдени 30 нови инфекции, речиси двојно повеќе во споредба со претходниот ден..

Од Светската здравствена органиозација денеска уште еднаш повикаа државите да бидат многу поактивни во борбата против пандемијата. Бројот на заразени ширум светот веќе достигна 11 милиони 524.000 лица починаа.

„Луѓето треба да се разбудат. Податоците не лажат. Сите треба да бидеме многу внимателни.  Ние одлучуваме колкава ќе биде растојанието со луѓето околу нас. Секојдневно слушаме совети од владите и експертите но сепак на крајот се зависи од нас самите како ќе се однесуваме.“ - изјави Мајк Рајан -  директорот за итни случаи на СЗО.

Веќе трет ден по ред Соединетие Американски држави бележат по 50 илјади нови случаи на ковид 19 во земјата. Во државата веќе се регистрирани 2 милиони и 800 илјади заболени, а од коронавирусот починале 132 илјади.

Во Латинска Америка, случаите вртоглаво се зголемуваат со повеќе од 2,7 милиони заразени. Бразил, најголемата економија во регионот и најнаселена земја, има 1.5 милиони потврдени заразени и 63.000 смртни случаи и е на второто место по САД.

0 Коментари

Остави коментари