Во Париз почнува ново судење против поранешниот претседател Саркози
Foto

Во Париз почнува ново судење против поранешниот претседател Саркози

Две недели откако беше осуден во аферата „прислушување“, поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска се враќа на обвинителна клупа поради прекумерно трошење пари за време на претседателската кампања во 2012 година.

Судот во Париз на 1 март го прогласи Саркози за виновен за корупција и трговија со влијание и го осуди на една година затвор и уште две години условна казна затвор. Саркози ја обжали пресудата.

Што се однесува на случајот кој започнува денеска, поранешниот претседател се соочува со една година затвор и 3.750 евра казна за нелегално финансирање на изборната кампањ.

Судењето е закажано за 15 април, а  заедно со Саркози им се суди и на група од 13 лица поврзани со аферата.

Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, се повлече од политичкиот живот во 2016 година, но сепак е многу популарен меѓу десницата.

Некои десничари веруваат дека тој би можел да биде кандидат на следните претседателски избори закажани за 2022 година.

0 Коментари

Остави коментари