Во охридската болница се прегледуваат пациенти од целиот регион, а најмногу работа има одделот за радиологија
Foto

Во охридската болница се прегледуваат пациенти од целиот регион, а најмногу работа има одделот за радиологија

Од Дебар до Битола со полн капацитет охридската болница опслужува пациенти.На снимања,прегледи, анализи, операции доаѓаат граѓани од целиот регион. Најфреквентно секогаш е пред одделот радиологија.

На радиологија во еден месец се прават околу 1500 снимања. За компјтерска томографија само на дневно ниво доаѓаат преку 30 пациенти, а на месечно бројките достигнуваат и до 600 снимања. Поради големата оптеретеност на компјутерскиот томограф и истрошеност на рендгенската цевка истиот многу често завршува вон функција.

Но, освен на радиологија полни раце работа имаат лекарите  и од другите оддели.И покрај оптеретеноста поради ковид кризата минатата година се направиле околу 1000 операции и 400 породувања.

Пациентите кои ги анкетиравме генерално се задоволни од услугите на болницата,условите и хигиената, единствено замеруваат што поради корона пандемијата на некои оддели подолго чекаат за преглед.

Директорот Балевски вели чекањето е поради мерките но и поради ротациите на лекарите во ковид центарот и модуларната болница. Потенцира дека лекарите се трудат максимално да им излезат во пресрет на сите пациенти.

0 Коментари

Остави коментари