Во Охрид од утринава е раздвижено како во летната туристичка сезона
Foto

Во Охрид од утринава е раздвижено како во летната туристичка сезона

Охрид раздвижен како во летна сезона. Бегајќи од карантинот туристичкиот центар стана засолниште за граѓаните од метрополата но и од внатрешноста. Најбројни се гостите од Скопје, но има и штипјани, дебарчани тетовчани и кумановци.

Голем дел од гостите ги наполнија кафулињата но повеќето шетаа по кејот, плоштадот и улиците во стариот дел на градот. Некои носеа маски и држеа дистанца, но имаше и такви кои слободно шетаа како воопшто и да нема пандемија. За зборување пред камера расположени беа само домаќините додека скопјани и останатите одбиваа да бидат анкетирани поради бурните реакции кои од вчера кружат по социјалните мрежи. Охриѓани пак дел се револтирани и во грч дека гужвата ќе ја донесе заразата во градот а дел пак радосни што туристичкиот се наполнил се наполнил.

Туристичките работници пак велат Охрид треба да почне туристички да се враќа во кондиција. Гостите се добредојдени но само ако строго ги почитуваат правилата за движење на јавни места.

Дека постои ризик  за ширење на вирусот и во Туристичкиот центар од викенд гужвата потврдуваат и епидемиолозите бидејќи во градот присутни се гости од сите ризични реони и ако не се придржуваат до мерките градот многу лесно може да стане ново жариште.

И додека викендашите уживаа во убавините на Охрид, пазарната инспекција не престана да ги контролира локалите долж ривиерата. На неколку пунктови низ фреквентните улици и полицијата вршеше постојани контроли, а во маркетите редари ги распоредуваа граѓаните кои итаа да пазарат пред полицискиот час.

Општина Охрид апелира сите кои туристички се наоѓаат во градот овие денови да носат маски да држат дистанца и да не се групираат по плажите и викендиците покрај езерото.

0 Коментари

Остави коментари