Во „Охис“ се излеала вода со која се миела цистерна со хемикалии, воздухот мириса во овој дел од градот
Foto

Во „Охис“ се излеала вода со која се миела цистерна со хемикалии, воздухот мириса во овој дел од градот

АРМ и МВР прават увид во кругот на ОХИС откако попладнето се излеа токсична материја.
Станува збор за излевање на вода со која била чистена празна цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер кој е целосно и безбедно препакуван.

Официјални информации за повредени нема, а инспекциските служби на централно и локално ниво реагираа откако граѓаните пријавиле дека, поради непријатната миризба која се шири почуствувале главоболка и печење во очите.

Според досегашните информации, лабораторијата на МВР земала проба за понатамошно лабораториско испитување. Тв 24 го контактираше министерството за внатрешни работи, но од таму не упатија до инспекторатот за животна средина кој излезе само со соопштение.

„Правниот субјект е веднаш задолжен од страна на Инспекторатот да работи на терен цела ноќ за целата излеана течност од кадата да биде преточена во соодветно пакување за потоа да се извезе надвор од државава.“

Истекувањето се случило на локација каде одредена фирма од Скопје препакува и отстранува историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои се извезуваат во странство.

0 Коментари

Остави коментари