Во напад во Мексико убиени 13 лица
Foto

Во напад во Мексико убиени 13 лица

Засега неидентификувани напаѓачи убија најмалку 13 лица во градот Минатитлан во Мексико кога отворија оган од огнено оружје кон едно кафуле, откако претходно се распрашувале за одреден маж.

Во нападот убиени се седуммина мажи, пет жени и едно дете. Мотивот за нападот се уште не е познат, се наведува во соопштението од мексиканската Влада.

Мажот кој го барале е идентификуван како сопственик на кафуле во Минатитлан, а нападот се случил за време на семејна расправија.

0 Коментари

Остави коментари