Во моментов активни 3.714 случаи со Ковид-19
Foto

Во моментов активни 3.714 случаи со Ковид-19

Во земјава досега се регистирирани 10.754 заразени од коронавирус, починаа 486, а се излекуваа 6.554 лица. Во моментов се активни 3.714 случаи.

Од почетокот на епидемијата, досега, се направени 102.317 тестирања на Ковид-19. Се уште се на сила мерките за носење заштитна маска, негрупирање и држење дистанца. Донесени се и протоколи за функционирање во речиси сите области.

Најмногу активни случаи се уште се бележат во Скопје каде има  1.488 случаи, во Куманово се активни 246, Дебар 108, Штип 425, Прилеп 53, Тетово активни 226, Струга 195, Велес 18, Битола  72, Охрид 84, во Кавадарци се активни 43, Гостивар 260, Гевгелија 11, Струмица 20, Крива Паланка 10, Радовиш 23, Крушево 9, Кочани 23, Пробиштип 20, Демир Хисар 27, Македонски Брод 16, во Берово се активни 2, Виница 10, Делчево 4, Кратово 7, Свети Николе 175, Кичево 102, Ресен 32 и Неготино 5 случаи.

По општини во Скопје најмногу активни случаи има во Чаир и Аеродром, по 171, во Бутел 97,  Гази Баба – 145, Центар – 130, Карпош – 136, Сарај – 78,  Кисела Вода – 157, Ѓорче Петров – 107, Студеничани – 64, Шуто Оризари – 117, Арачиново – 26, Илинден – 23, Петровец – 18, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 23, Зелениково- 7, странци – 4 и петмина се нераспределени.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани девет возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и едно дете позитивно на вирусот, како и осум пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари