Во Мерцедес немаат илузии дека ќе победат на сите трки оваа сезона
Foto

Во Мерцедес немаат илузии дека ќе победат на сите трки оваа сезона

Претседателот на тимот Мерцедес, Тото Волф, изјави дека неговиот тим немаа амбиции и не размислува дека ќе победи на сите трки во тековната сезона.

Досега Мерцедес има пет победи од предвидените 21 трка во Формула 1 шампионатот.

Треба да останеме скромни и да не летаме до небо. Имавме пет фантастични трки со исто толку еден-два победи. Но, не земајте го тоа здраво за готово. Не беше лесно. Следната трка ќе биде голем предизвик, бидејќи во Монако во последниве години не сме баш многу добри. Се сеќавате ли колку силен старт Ред Бул имаше минатата година? – рече Волф.

По пет трки во Генералниот поредок во Ф1, води Луис Хамилтон со 112 бода, пред Валтери Ботас со 105 бода, двајцата од Мерцедес. 

0 Коментари

Остави коментари