Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 14 пациенти, а вкупно се лекуваат 426 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19
Foto

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 14 пациенти, а вкупно се лекуваат 426 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдено за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија, на Гастроентерохепатологија и на Очната клиника, а двајца на Клиниката за дерматологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало  7 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани двајца болни.  

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 17 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има   пациенти.

Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

0 Коментари

Остави коментари