Во Холандија уапсени 8 момчиња поради силување тинејџерки
Foto

Во Холандија уапсени 8 момчиња поради силување тинејџерки

Холандската полиција денеска уапси осум лица осомничени за силување најмалку три тинејџерки.

Во градот Ден Бос и Росмален се уапсени момчиња на возраст од 18 до 26 години.

Полицијата започна истрага претходно оваа година, откако три девојчиња, независно една од друга, пријавија дека биле сексуално малтретирани од група мажи во гаража за поправка на автомобили во Ден Бос.

Детективите, кои ја пребараа гаражата во потрага по форензички докази во април, изјавија дека има индиции дека сè уште има жртви на припадниците на бандата, но дека не го пријавиле силувањето од страв.

Се верува дека членовите на бандата оствариле контакт со жртвите по пат на социјалните мрежи и дека претходно биле дрогирани.

0 Коментари

Остави коментари