Во Јужна Кореја вакцинација со „АстраЗенека“ на лица под 60-годишна возраст
Foto

Во Јужна Кореја вакцинација со „АстраЗенека“ на лица под 60-годишна возраст

Јужна Кореја продолжува со имунизација на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „АстраЗенека“ и процесот ќе продолжи како што е претходно планирано. На лицата помлади од 30 години нема да им се дава оваа вакцина, соопшти Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).

На 7 април Агенцијата објави дека ја прекинува употребата на вакцината на „АстраЗенека“ за лица помлади од 60 години, откако Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека постои поврзаност меѓу препаратот и случаите на тромбоза. Премиерот на земјата, Чанг Саи-кин им наложи на здравствените институции детално да ги испитаат материјалите на ЕМА околу ова прашање.

Одлуката за продолжување на вакцинацијата се заснова на ставот дека придобивките од вакцината се поголеми од можните несакани ефекти.

Донесена е одлука да не се користи вакцината на „АстраЗенека“ кај лица на возраст под 30 години без хронични болести, бидејќи, според ЕМА, ризикот од појава на несакани ефекти ги надминува можните придобивки од вакцинацијата.

Претходно е соопштено дека јужнокорејските власти планираат да вакцинираат 12 милиони луѓе во првата половина на 2021 година. Вакцинациите започнаа кон крајот на февруари, а „АстраЗенека“ беше првата вакцина која ја примија пациенти и персоналот во болниците и домовите за стари и изнемоштени лица.

Од крајот на март, според одлуката на здравствените власти, лицата на возраст меѓу 65 и 75 години се вакцинираат со „АстраЗенека“, а оние над 75 години со „Фајзер“.

0 Коментари

Остави коментари