Во Италија дебата - дали да има скијање или не
Foto

Во Италија дебата - дали да има скијање или не

Владата и италијанските региони на денешниот состанок преговараат дали ќе се отворат скијачките центри за време на претстојните празници, Божик и Нова година.

Северните алпски провинции каде се наоѓаат популарните и познати скијачки центри инсистираат да се дозволи некакво или делумно отворање на скијачки центри, но владата планира да ги затвори сите зимски одморалишта пред БожиК до седум дена по нова година, како и да се забрани движење меѓу регионите.

Во Италија има 1.500 скијачки жичарници и лифтови, секторот кој вработува 14.000 лица и уште најмалку 2.000 работници вработени во помошни објекти.

Загубите уште сега се проценуваат на 70 проценти од годишниот приход, кој се движи до седум милијарди евра, а доколку скијачките центри останат затворени за време на следните празници, загубите ќе бидат уште поголеми.

0 Коментари

Остави коментари