Во Иран се запали авион при слетување, сите патници евакуирани
Foto

Во Иран се запали авион при слетување, сите патници евакуирани

Патнички авион се запали при слетување на аеродромот Мехрабад во Техеран, а сите сто патници се евакуирани и никој не е повреден, соопшти директорот на иранската агенција за вонредни ситуации Пир-Хосеин Коливанд.

Тој информира дека огнот избувнал затоа што тркалата за слетување на авионот не се отвориле доволно и оти брзо бил ставен под контрола. Авионот од типот Фокер 100 и припаѓал на компанијата Иран Ер.

0 Коментари

Остави коментари