Во Гостивар беше конституирана Конференцијата на приватни високообразовни установи на РСМ
Foto

Во Гостивар беше конституирана Конференцијата на приватни високообразовни установи на РСМ

Денес во просториите на Меѓународниот Универзитет „ВИЗИОН“ во Гостивар се одржа конститутивната седница на Конференција на приватни високообразовни установи на Република Северна Македонија како тело за развивање на меѓусебна соработка во областа на високообразовната и научно-истражувачката работа, а во согласност со заедничките цели и интереси на спогодбените страни. На седницата се потпиша Спогодба за заедничка соработка согласно член 91 од Законот за високото образование. Спогодбата ја потпишаа 8 Универзитети и 3 високистручни школи, односно вкупно 11 приватни високообразовни установи. За претседател беше избран проф. д-р Томе Неновски од Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје, а за заменик-претседателка беше избрана ректорката на Меѓународниот Славјански Универзитет, професор. д-р Ленче Петреска, а притоа се усвои и деловник за работа. Оваа иницијатива е најширока од ваков карактер досега и се очекува да придонесе за развојот на јавните во политики во сферата на високото образование во земјата и пошироко.

0 Коментари

Остави коментари