Бразил регистрираше рекордни 18.947 случаи на коронавирус во последните 24 часа и 407 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.
Во Бразил, над 5,5 милиони луѓе се заразени со вирусот од почетокот на пандемијата, што е најмногу по САД и Индија.
Оваа јужноамериканска земја има и 159.884 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што ја рангира на второ место по САД по бројот на смртни случаи.
0 Коментари