Во Белград се урна зграда, во тек е евакуација на станарите
Foto

Во Белград се урна зграда, во тек е евакуација на станарите

Во Белград во општината Врачар, во делот на Црвен Крст на улицата Видовданска денес почна да срушува зграда лоцирана на парцела до актуелно градилиште. Поради уривање на станбената зграда, во тек е евакуација на станарите.

Како што неофицијално дознава порталот Нова.рс, зградата започнала да се урива затоа што најверојатно биле поткопани нејзините темели од градилиштето лоцирано на парцелата до неа.

Засега нема информации дали има повредени и колкава штета е предизвикана, а според станарите, зградата се заканува целосно да се сруши и да остави бројни семејства без покрив над главата.

Станарите велат дека со денови го предупредувале инвеститорот дека им пукаат sидовите и таваните и дека тој ги убедил дека тоа е нормално, бидејќи покрај него има градилиште.

- Истрчавме во последен момент пред да се сруши еден цел стан. Сосетката не успеа да земе ништо затоа што и таа за среќа излезе десет минути порано. Можеше да биде повредена. Со денови ги предупредувавме дека зградата пука, да проверат што прават на тоа градилиште, но никому ништ, изјави станрка за Нова.рс.

Таа додава дека еден стан е целосно искривен и дека целата зграда е обележана како небезбедна.

- Го предупредив, реков дека не работи добро, но сега кога се случи ова, него го нема. За среќа во несреќата, никој не живее во тој стан што се урна и никој не беше во него. Но, девојката што живее горе можеше да настрада, нејзиниот стан виси, таа излезе десет минути пред тоа. Најважно е да никој не е повреден, изјави претседателот на станарите, Новица Станимировиќ и додава дека се поставува прашањето каде ќе одат сега.

Увидот на инспекцијата е во тек.

0 Коментари

Остави коментари