Во Белград нема да биде воведен полициски час, но ќе бидат забранети собири
Foto

Во Белград нема да биде воведен полициски час, но ќе бидат забранети собири

Во Белград нема да биде воведен полициски час, туку целосна забрана за јавни собири за повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор.

Сите продавници и трговски центри ќе бидат затворени од 21 до 06 часот. Српската премиерка Ана Брнабиќ, по денешната седница на кризниот штаб, соопшти дека разговарале за враќање на некои од рестриктивните мерки кои беа во сила во април и мај, но не за цела територија на Србија, туку само во погодените области.

Коментирајќи ги протестите од претходните две ноќи во контекст на епидемијата на коронавирус, Брнабиќ оцени дека „Сигурно скапо ќе се плати за протестите кои се одржани, бидејќи луѓе веројатно се веќе заразени“.

Во понеделникот, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во белград е алармантно, бидејќи таму се над 80 отсто од заразените во србија и најави можност за повторно воведување полициски час во српската престолнина, поради што почнаа и дводневните протести.

Сепак, кризниот штаб оцени дека прво треба да се обидат со други рестриктивни мерки, а воведувањето полициски час да биде крајна мерка. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача на граѓаните дека државата ќе може да „го заштити мирот и стабилноста и покрај криминалните, хулиганите, насилните напади“ кои, како што рече, „ги шокирале сите“.

0 Коментари

Остави коментари