Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите
Foto

Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

Во Скопје од денеска повторно е уникнат бесплатниот превоз за пензионерите кој важеше за деновите вторник, петок, сабота и недела.

Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат. Превозниците треба да водат сметка и за бројот на патниците што ќе се превезуваат, а максимална искористеност, според владината уредба, е до 50 отсто од капацитетот на возилата.

Автобусите на ЈСП Скопје“ сообраќаат во текот на целиот ден без временско органичување, по саботен возен ред.

0 Коментари

Остави коментари