Внукот на Али Ахмети - нов потпретседател на Беса
Foto

Внукот на Али Ахмети - нов потпретседател на Беса

Билал Касами засилен со внукот на Али Ахмети и на Фазли Велиу, Фатмир Лимани тргнува во во нов обид за делегитимитирање на власта. Најавува опозициски фронт и бара предвремени избори.

Приклучиувањето на екс директорот на ЕЛЕМ; но и независнен кандидат на локалните избори во Кичево, кој освои речиси 5000 гласа во битката со Фатмир Дехари зад кој застана Али Ахмети - му е влог со кој во новата партија ќе добие потпретседателска функција и сигурно пратеничко место како координатор на 5-тата изборна едина.

Од Беса се пофалија дека со него доаѓаат и неговите тројца советници во Кичево. Но, преминувањето на Лимани според Касами нема да биде првото изненадување во Беса кое како што вели ќе се случи наредниот период. Лимани го нарече национален деец кој целиот живот го псоветил на националната кауза.

„Нудиме конкретни мерки и политички иновации давајќи шанса за интеракција со сите опозициски политички сили, без разлика дали се тоа партии, невладини организации или професионалци од академската и деловната сфера, со единствена цел да ја урнеме оваа власт. Да потсетам, оваа власт си игра со државата, ја претвори во арена на искривување на волјата на народот, во пазар за купување пратеници, а криминалот и корупцијата станаа составен дел од општеството.“ - рече Касами. 

Неговата националистичка идеологија и ставовите за голема Албанија тврди остануваат во минатото, со преминувањето на прагот на Беса ќе се посветел на подобрување на стандардот на Албанците и борбата со корупцијата и криминалот. Но, и не ги заборави ни ветераните од ОНА, кои како што вели се на маргините. Порача дека со Касами договориле аеднички стратегиски прашања кои стануваат дел од дејствувањето на партијата. 

Исто така, посебно внимание треба да им посветиме на оние кои дале придонес за нас, а по воениот кофликт се на маргините. Семејствата на мачениците и ранетите во 2001 година, ќе имаат посебен и приоритетен третман. Во овој дел ќе тргнеме почнувајќи од локалната власт што ја раководи Движењето БЕСА, од Тетово и Желино“

ОД ДУИ решија да немаат партиски став за трансферот на Лимани, само портпаролот Бујар Османи во интервју за Утрински брофинг, порачал дека досега ниету едне субјект  кој произлегол од ДУИ и покрај што го формирале високи функционери не успеал, а Лимани не бил како што рече никогаш во структурите на ДУИ. За партијата на Села пак штом е трансферот опозициски, немаат проблем.

Освен фамилијарната поврзаност со лидерот на ДУИ, таткото на Лимани му бил соборец на командантот Ахмети во 2001-та, кога и загинал, а неговиот син бил во затвор. Лимани, според дел од поранешните ккоманданти на ОНА и функционери во ДУИ, бил застапник на крилото дека ДУИ и Али Ахмети како власта и ги заборавил борците за каузата, но и националните принципи на каузата.

Според истите информации, незадоволството кулминирало кога на локалните избори Ахмети застанал зад Дехари, а не зад неговиот внук по што Лимани истрча како независен и совои во Кичево речсии 5000 гласа. Зад Лимани во Кичево и против Ахмети застана и поранешниот висок функционер и блиозк соработмик на Ахмети Муса Џафери, а премолчено и крилото околу него.

0 Коментари

Остави коментари