Внимателно со заканите до новинарската фела
Foto

Внимателно со заканите до новинарската фела

За да ги достигнеме европските вредности, фунционерите и медиумите треба да комуницираат на повисоко ниво од досегашното. Кога функционерите се закануваат на новинари или медиуми, испраќаат порака дека професионалното ќе се казни. Ако Македонија претендира да стане дел од европското семејство, не треба да се дозволи таков однос од јавните личности кои понатаму ги носат новинарите до самоцензурирање – смета Марина Тунева од советот на етика на медиумите.

„Се движиме кон еден прогрес но потребно е уште многу да се направи. Особено да се обезбеди независноста во информирањето, еден професионален јавен радиодифузен сервис, професионални медиуми и новинари, ослобени од какви било притисоци, уцени и закани.“ - вели Марина Тунева – Совет за етика на медиуми.

Истражувачкото новинарство треба да се гледа како предизвик од страна на јавните функционери, се што е од јавен интерес треба да се обелодени.

„Се отвараат бројни и значајни прашања кои заслужуваат да бидат следени и понатаму, да постои континуитет во известувањето. Било каква пречка на тој пат влијае на слободата на медиумите.“ - вели Марина Тунева.

Откако се имплементира Преспанскиот договор, Европската Комисија во континуитет ги следи настаните во земјава, а оттаму велат дека посебен акцент имаат на слободата на медиумите. Треба уште да се работи – вели портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ за македонското новинарство.

„Извештајот во 2018 истакна дека иако постои подобрување на медиумската клима, нулта толеранција треба да има за физичко и вербално вознемирување, како и закани кон новинарите.“ - вели Маја Коцијанчиќ – портпарол на Европска комисија.

Коцијанчиќ реагираше за заканите од вицепремиерот Бујар Османи до медиумите кога функционери од ДУИ се поврзуваа со скандалот со неисплатените пари на граѓаните од пензискиот фонд. За ЕУ вели дека е многу важно новинарите да имаат простор за професионално работење.

0 Коментари

Остави коментари