ВМРО-ДПМНЕ: Весела математика на СДСМ, растот на БДП не е доволен да го надомести ланскиот пад од 15%
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Весела математика на СДСМ, растот на БДП не е доволен да го надомести ланскиот пад од 15%

- Пресот на Јован Митревски и СДСМ е уште една епизода од серијата веселата математика на СДСМ. Последниот раст на БДП со кој СДСМ се фали е помал од падот кој лани во второто тромесечие го имаше македонската економија. Имено лани падот изнесуваше – 15%, а растот за истото тромесечие оваа година изнесува 13%. Ова значи дека македонската економија не е ниту на нивото од 2019-та, а не пак да зборуваме за некаков раст.

Исто е и со нивото на индустриското производство, каде годинава има раст од скромни 5% споредено со лани, кога имавме пад од неверојатни 14%.

Македонија со Заев е убедливо најслаба во споредба со регионот, мерено во било која област. Имаме 5 до 13 пати помалку странски инвестиции, а имаме и една од најголемите стапки на раст на долгот. Имено владата на Заев веќе проектира долгот да достигне неверојатни 9 милијарди евра, што во комбинација со лошите економски политики ја турка Македонија кон грчко сценарио. Не само враќање на долгови, граѓаните со оваа власт треба да очекуваат и зголемување на такси и даноци, што веќе е најавено со новите такси и зелени даноци. - велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари