ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашните апсења се производ на деспотизмот на Заев
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашните апсења се производ на деспотизмот на Заев

„СДСМ ја погази правната држава во Република Македонија. Вчерашните апсења, не се производ на правото, туку на деспотизмот на Заев и картелот околу него. Власта се плаши од народот и по секоја цена сакa да го заплаши. Апсењата, се последен обид на исплашената власт да ги спречи промените. Залудни се сите местенки. СДСМ паѓа. Граѓаните повеќе нема да прават компромиси кога се работи за владеењето на правото“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став дека „Кацарска судството и Русковска обвинителството кои служат како алатка за прогон на неистомислениците на власта наскоро ќе треба да одговараат за сите недоследности и законски прекршувања. Секој еден кој ја злоупотребил својата позиција и спроведувал политички прогон ќе мора да се соочи со лицето на правдата“.

„Целата лакрдија која што ја приредува власта ќе има своја правна завршница. Обидот преку уништување на човечки судбини да се дефокусира јавноста од штетните политики, сомнителните тендери во здравството, хаосот во земјоделието, дезавуираното образование, нарушената безбедност и непотизмот кој проникна во секоја пора на општеството ќе биде поразен од граѓаните“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари