ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже со кои партии обезбеди мнозинство и кој ќе биде премиер
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже со кои партии обезбеди мнозинство и кој ќе биде премиер

 СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим.Наместо СДСМ да ги лаже граѓаните преку бледи и стерилни соопштенија, нека одговори со кои партии ќе обезбеди мнозинство и кој ќе биде премиер, наведе денеска ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштение од СДСМ од каде повторија дека водат сериозни преговори за формирање влада со полн четиригодишен мандат.

ВМРО-ДПМНЕ  оценува дека СДСМ со својата влада изминатите години донела само корупција, криминал и хибриден режим.

-На граѓаните преку глава им е од лагите на СДСМ. Граѓаните на Република Македонија знаат дека СДСМ нема да обезбеди подобра иднина. СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим. Лагите на Заев веќе не поминуваат, прочитани се. Заради тоа што Заев и власта беа фрлени на криминал Македонија секој ден тонеше се повеќе и повеќе.Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари