ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е метла која ќе го измете Заев
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е метла која ќе го измете Заев

Потребна е метла која ќе го измете Заев, таа метла ја имаат граѓаните, а Заев ќе ја осети на изборите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако синоќа на седница на ЦО на СДСМ беше разрешен дел од партиското раководство.

-Животот ќе започне кога Заев ќе си отиде од власт. Зоран Заев лично е виновен за се што и се случува на Република Македонија.

 

Зоран Заев нема да се сокрие позади оставката на неговиот слуга Павле Богоевски. Заев нема да се сокрие и позади Спасовски, Кирацовски, Ременски, Зекири, Манчевски и Шилегов кои беа катастрофа за СДСМ но уште поважно е дека тие се трагедија за Република Македонија.

Метлата е очигледно само фарса, се додека не си заминат неспособните функционери и од државните функции на чело со Заев и Шекеринска.

Заев треба да престане да се обидува преку театар за наводна метла да ги отргне граѓаните од реалноста и проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Потребна е метла која ќе го измете Заев, таа метла ја имаат граѓаните, а Заев ќе ја осети на избори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари