ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЈАНЕВА НА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА, ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ
Foto

ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЈАНЕВА НА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА, ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ

ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на Катица Јанева на пленарна - власта одби гласањето за разрешување на Јанева да се најде на дневен ред на денешната седница на Собранието. Правна пречка за ставање на точката на дневен ред според собранискиот спикер Цафери немало – но вели имало начелен договор меѓу партиите по ова прашање. 

Мнозинството во Парламентот го одби предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски – на денешната пленарна седница како прва точка на дневниот ред да се најде предлогот за разрешување на  поранешната прва шефица на СЈО која гонеше висок криминал и корупција. Со образложение дека предлог одлуката на Комисијата за избори и менувања беше едногласно изгласана од сите пратеници, но и поради фактот дека оваа седница е последна во законскиот рок за истекување на мандатот на Јанева – опозицијата денеска побара нејзино итно разрешување. 

Според ВМРО-ДПМНЕ – власта по ваквата одлука свесно го избегнувала разрешувањето на Јанева – за СДСМ пак нејасно е денешното барање на опозицијата – велат утрово на координација претставниците на сите политички партии, меѓу кои и координаторот на опозицијата дале согласност  точката за разрешување на Јанева да оди на посебна седница- но кога не прецизираат.   

Мандатот на Јанева,  која во моментот е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“, според законот за СЈО,  истекува на 15-ти септември.  Дека треба да се испочитува рокот до 15 септември за разрешување на Јанева – вчера потенцираше и првиот човек на Собранието.

Минатата недела пратениците на комисијата за избори и именувања едногласно и без дискусија за помалку од еден час донесоа да му предложат на Собранието разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обврска на Собранието е да расправа и според закон со двотретинско мнозинство и плус Бадентеровото гласање да се потврди предлогот на Комисијата за разрешување и истиот да се врати на усвојување на Советот на јавни обвинители.

0 Коментари

Остави коментари