ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме Заев да распродава се што е македонско
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме Заев да распродава се што е македонско

Барање за оставка од Зоран Заев и порака до меѓународната заедница испрати лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

На денешниот протест пред Владата Мицкоски бара реакција од ЕУ,  преговорите за членство да не се мешаат со билатералните прашања. На политичкиот опонент Заев му порача да каже што се договара тајно и далеку од јавноста.

- „Информации може да каже тој што преговара. Ние може да кажеме дека ниту еден патоказ, ниту еден анекс или нов договор идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува ако биде начнат македонскиот идентитет. Доколку некој се дрзне да чепне во ова и да се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува“, изјави Мицкоски.

Христијан Мицкоски не одговори од кои партии има поддршка за протестот и покрај политичките изјави кои ги даде, тој вели да не се става партиски предзнак на протестите. 

Опозицискиот лидер испрати критика за начинот на кој Владата се справува со пандемијата, додка паралелно  ги повикуваше граѓаните на масовност за да се заштитат државните интереси. Поддршката дојде и со возила, но и пеш.

Додека Мицкоски протестираше пред Владата, негови сопартијци изразија револт и пред Министерството за надворешни работи. Антонио Милошоски обвини дека коалиционерите СДСМ-ДУИ одбиле да се утврди национална позиција за македонско-бугарските односи во однос на Европската Унија.

0 Коментари

Остави коментари