ВМРО-ДПМНЕ: Македонија гори, Влада се чешла!
Foto

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија гори, Влада се чешла!

„Да не го живеевме овој „блескав живот“, живот исполнет со рекети, нарачани пресуди и криминал, одлуките на Зоран Заев ќе беа за смеење. Вака, одлуките се трагични и покажуваат колку тој и картелот околу него се загубени во времето и просторот.

ВМРО-ДПМНЕ го замолува Зоран Заев да престане да ја потценува и понижува јавноста.

Вие сте олицетворение на криминалот и вие ја ставивте цела држава и сите институции на располагање на мафијата.

Подобро вратете се на плажа, отколку вака бесрамно, со лицемерни одлуки да ги лажете граѓаните. Само оставка е спасот!

Власта која го создаде криминалниот октопод, спроведе милионски рекет монтираше судски случаи и што ли уште не, сега формира оперативен тим за бескомпромисна борба со корупцијата.

Слушнавме дека Заев барал ургенции за разрешување на Претседател на суд, а сега треба да веруваме дека човекот кој има толкаво искуство во криминалот, не знае дека работата на МВР, УБК, БЈБ, УЈП, Финансиска полиција, УФР, Царинската управа и другите институции од областа на безбедноста и финансиската контрола имаат законска обврска да се борат против криминалот и корупцијата.

Тоа што институциите под контрола на Заев не си ја работат работата е вина на Заев кој лично е на чело на криминалниот октопод.“ - Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари