ВМРО-ДПМНЕ бара да се истражи дали Јанева го злоупотребува боледувањето
Foto

ВМРО-ДПМНЕ бара да се истражи дали Јанева го злоупотребува боледувањето

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение бара од надлежните да истражат дали Катица Јанева го злоупотребува боледувањето.

„Катица Јанева веќе петти ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не и верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?“

Велат од опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ понатаму додава дека вистината за случајот рекет мора да се обелодени, а јавноста мора да знае како катица јанева е вмешана во овој случај.

0 Коментари

Остави коментари