Влез во Македонија само со ПСР тестови за граѓани од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора
Foto

Влез во Македонија само со ПСР тестови за граѓани од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Северна Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји. 

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

0 Коментари

Остави коментари