Власта трупа вработувања на грбот на граѓаните
Foto

Власта трупа вработувања на грбот на граѓаните

Сите јавни претпријатија во земјава да имаат двојни директори. Ова е предлог законот на СДСМ и ДУИ, со кој се предвидува во повеќе од стотина државни претпријатија да се отвори нова работна позиција - заменик – директор. Неофицијално, според извори од мнозинството, планот е каде што директор е решение од СДСМ, заменикот да биде од ДУИ и обратно. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, предлог-законот го оцени како скандалозен и побара итно повлекување. Сметаат дека ова е класичен обид на власта да ги згрижи своите партиски членови. 

„Сакате низ цела Македонија да воведете стотици и стотици нови функционери, со кабинети, автомобили, привилегии и бенефиции. . Тоа е скандалозно и се срамно. И не само тоа, тоа не ви е доволно, туку предлагате и амандман со којшто и локалните претпријатија на локално ниво ќе добијат земеници директори.“ - изјави Влатко Ѓорчев – ВМРО-ДПМНЕ.

Власта пак уверува дека целта на двојните директори е да се подобрат јавните услуги. Премиерот Зоран Заев вели не треба да се прави јавна фама, бидејќи трошоците, споредено со придобивките, ќе биле минорни, но не прецизираше колку ќе не чинат.

„Во оние институции каде нема заменици директори има по еден два три или пет негови помошници. Целта ни е да има заменик директор којшто целосно ќе го заменува и ќе може да го дуплираи извршувањето на јавната услуга на граѓаните.“ - изјави Зоран Заев.

На предлог-законот остро реагираа и дел од невладините организации кои потенцираат дека ваквите измени во целост се косат со ветувања и заложбите на власта за реорганизација и намалување на јавната администрација.

0 Коментари

Остави коментари