Власта не ја пресметала штетата од корона кризата
Foto

Власта не ја пресметала штетата од корона кризата

Затворањето на европските економии, кои се наши најголеми трговски партнери, ги стопираа или ги преполовија нарачките на автомобилски и хемиски производи, како и нафтата поради намалената потрошувачка за време на карантините.

Но, затворањето по дома не го намали апетитот на луѓето, па така извозот на храна, тутун и пијалоци бележи најмал пад. Но севкупно гледано, по глобалниот економски шок, македонските компании книжат загуби. Залихите им се трупаат по магацините, зашто генерално луѓето секаде во светот се воздржуваат од трошење на пари.

Поради корона кризата транспортот на стоки и услуги тапка во место. Компаниите работат со половина капацитет. Извозот на македонските компании во првите десет месеци е помал за речиси 700 милиони евра во споредба со лани. 

Аналитичарите велат дека враќањето во нормална ќе оди бавно. Странските компании кои отворија фабрики во земјава побрзо ќе се опорават од кризата отколку домашните. 

„Странските извозници очекуваат оживување на растот на приходите и на профитабилноста во наредниот период, додека тоа не е случај кај домашните извозници. Трудоинтензивните се повеќе погодени и очекуваат побавен раст во наредниот период, додека оние што се технолошки поразвиени можат побрзо да се вратат во наредниот период.“ - вели Бојан Србиноски, Фајнанс тинк. 

Креаторите на политиките, велат економистите, треба да размислат за намалување на царината на одредени производи или нивно усогласување со земјите во ЕУ, зашто тоа ќе помогне компаниите што извезуваат побрзо да се вратат на стариот колосек.

„Овие мерки покажуваат дека можат значајно да влијаат врз инвестициите, зголемувањето ќе се движи околу 25%. Зголемување на производството, односно дополнителен пораст на производството од 10%, повисока конкуретност која се зголемува и до 13% и зголемување на атрактивноста на земјата за привлекување на нови производни линии.“ - вели Благица Петрески, Фајнанс тинк. 

Истражувањето на „Фајнен тинк“ покажува дека за брзо опоравување на компаниите ќе им бидат потребни и подобри кредити, набавка на квалитетни суровини од Македонија, технологија и секако нови пазари во Европските земји.

Нашиот најголем трговски партнер Германија пресмета дека коронa криза ќе ја чини 391 милијарда евра. Македонија се уште не ја пресметала штетата.

0 Коментари

Остави коментари