Власта најавува успешна економска година – дали ќе се остварат ветувањата?
Foto

Власта најавува успешна економска година – дали ќе се остварат ветувањата?

Доста беа тешки одлуки, отсега ќе го слушаме народот, порача премиерот Зоран Заев. Тој заедно со вицепемиерот Кочо Анѓушев, веднаш по пристигнувањето од Светскиот економски форум во Давос, денеска пред велешани зборуваше за домашната економија.. Објави ново покачување на минималната плата, но притоа им вети помош на бизннисмените да го издржат тој процес.

„Железни опинци ќе облечам, 500 евра просечна плата во Македонија ќе има.“ - изјави Заев.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Македонија во Давос била ѕвезда на форумот. Тој најави интензивна економска година и многу странски инвестиции. Но, пред се, владата мора да си ги сработи своите домашни задачи и тука милост ќе нема, вели Анѓушев. Ги повика домашните бизнисмени да почнат повеќе да инвестираат, оти таа инвестиција многу брзо ќе им се врати.

„Градете, инвестирајте, ова е периодот кога треба да го направите, а ние ќе создаваме услови да доажаат инвестиции. Четири вчера потврија и очекувам дека ќе се градат многу повеќе. Платите во Македонија ќе  растат и како резултат на законските одлуки кои ќе ги носи владата, покачувањето на минималната плата, многу повеќе ќе растат зошто ќе се отвараат нови работни места.“ - изјави Анѓушев.

Бизнисмените се интересираа за гасификацијата, за законот за пазари, но и за странските инвестиции кои според нив, ќе ја придвижат економијата. Од друга страна, овластените сметководители го предупредија премиерот за нелојалната конкуренција која ја имаат и потешкотиите со компјутерскиот систем на УЈП. Поради ова, тие му најавија предупредувачки протест во вторник пред владата.

0 Коментари

Остави коментари