Власта на раб на кворум, опозицијата на протести
Foto

Власта на раб на кворум, опозицијата на протести

Власта на раб на кворум, опозицијата на протести, Собранието дише на шкрги. Зоран Заев не доби 100 дена мир од Хрисртијан Мицкоски. Опозицијата на улица за да ја урне како што велат „мафијата на власт“ или да ја спаси фотељата на Христијан Мицкоски? Власта повторно најавува бескомпромисна битка со корупцијата, крај на криминалот и смена на неработниците - ветувања кои ги слушаме од 2017-та. Зошто сега да и веруваме, особено по фактот дека голем дел од функционерите се истите од пред 3 години. Заев е премиер, клучните ресори ги има Ахмети.Како лутите изборни сопарници, ќе бидат сојузници? Ќе загинат ли политички функционерите на СДСМ во борбата со корупција или пак власта корупција ќе бара само кај опзиционерите? Зошто пратеничкиот билет, сите бараат да го сменат со директорска фотелја и а изигруваат ли волјата на граѓаните?

Дебата со потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири и координаторот на пратеничката група и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

0 Коментари

Остави коментари