Власта на повеќе фронтови во обид за 2/3 мнозинство – се бара глас и од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ
Foto

Власта на повеќе фронтови во обид за 2/3 мнозинство – се бара глас и од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

На домашен терен продолжуваат обидите да се стигне до двотретинско мнозинство по денешниот неуспех. Премиерот Зоран Заев вечерва на повеќе фронтови во обид да обезбеди 2/3 мнозинство за уставните измени, неофицијално брифираат партиски извори. Според истите извори во ваквите обиди се вклучени и ДУИ. Неофицијално освен со Беса, се прават обиди и со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Во обидите  да се обездат потребните гласови вклучен  е и меѓународниот фактор. СДСМ и Беса иако беа на чекор до компромис за техничката формулација која би стоела во документите на албански јазик - сепак договорот пропадна околу законската интервенција. Според информациите, касами инсистира измените да бидат во уставниот закон, додека предлогот на сдсм е во законот за патни исправи и документи. Собраниската седница за уставните измени е закажана за утре напладне, а дали ќе почне ќе зависи од тоа дали власта има 80 гласа.

0 Коментари

Остави коментари