Владина седница во Куманово
Foto

Владина седница во Куманово

Владата во Куманово ја одржа редовната 171 седница. Ова е трета од седниците кои се одржуваат во градовите од државата и како што најави премиерот Зоран Заев, ќе продолжат да се одржуваат еднаш месечно во различни региони.

Ова е практичен начин да се слушнат  укажувањата на граѓаните и да се одредат прироритетите во нивен интерес,  изјави Заев.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски рече дека ова е можност за градоначалниците од североисточниот регион да отворат прашања што ги засегаат граѓаните од Куманово и соседните општини. Една од точките на владината седница беше и аерозагадувањето и комуналните проблеми.

0 Коментари

Остави коментари