ВЛАДИН ТИМ ЌЕ ЈА СЛЕДИ РЕЛИЗАЦИЈАТА НА СЕКОЈ КАПИТЕЛЕН ПРОЕКТ
Foto

ВЛАДИН ТИМ ЌЕ ЈА СЛЕДИ РЕЛИЗАЦИЈАТА НА СЕКОЈ КАПИТЕЛЕН ПРОЕКТ

Владин тим од тројца министри се именувани од премиерот Заев секојдневно да ја следат реализацијата на капиталните инвестиции. Економските министри Бектеши, Сугарески и вицепремиерот Анѓушев се задолжени да прават пристисок врз институциите за да не се заостанува со проектите. Дополнително, секоја недела на седница на Влада министерот за финансии Тевдовски реферира колку пари од буџетот се извлечени за капиталните инвестиции. Бројките покажуваат дека oд јануари до март, од предвидените 422 милиони евра, беа потрошени само 6,2%. Но по лошиот старт, Владата чека пресврт.

Заев тврди дека гасификацијата се одвива со добро темпо. Дел од општините веќе имаат подготвено документација за изградба на дистрибутивните системи на природен гас, а во финална фаза влегува и поврзувањето со гасоводниот систем на Грција.

Но економстите велат дека се вакво темпо и оваа година Владата ќе потфрли со реализација и дека економските министри и должат на јавноста објаснување кој ги кочи големите проекти во државата.

Лани Владата со ребалансот скрати 100 милиони евра од средствата за капитални инвестиции зашто парите седеа непотрошени. На крајот на годината се реализираа само 65% од инвестициите. Никој не понесе одоворност за лошто работење.

Годинава министрите повторно најавуваат економски бум. Со посебна гордост вицепремиерорт Анѓушев соопшти дека имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции во вредност од 624,5 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари