Владимир Панчевски се бара со потерница
Foto

Владимир Панчевски се бара со потерница

Поранешниот претседател на основниот Кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се бара со потерница, потврди МВР.

Полициските службеници три пати не го нашле Панчевски на адресата која била оставена на решението за приведување, па сега надлежните проверуваат дали тој ја напуштил државава.

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „Акмис", во кој е обвинет. судењето за овој предмет за злоупотреба на „Акмис" системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.

0 Коментари

Остави коментари