Владата веројатно ќе донесе одлука за замрзување на цените на оснвните прехрамбени производи
Foto

Владата веројатно ќе донесе одлука за замрзување на цените на оснвните прехрамбени производи

Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најавува министерот за економија Крешник Бектеши.

Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата.

- Секторот за трговија при Министерството за економија веќе ги направи пресметките во делот на зголемување на цените, за основните продизводи. Предлогот е веќе подготвен и во сабота или во вторник ќе биде испратен на разгледување во Владата и најверојатно и Северна Македонија ќе донесе одлука за замрзнување на продажните цени на основните прехранбени производи, лебот, млекото, брашното, шеќерот, зејтинот, а можеби и месото, рече Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“.

Тој претходно најави дека ако предвидат дека ќе има ценовни шокови ќе интервенираат во рамки на надлежностите и согласно со Законот за трговија.

0 Коментари

Остави коментари