Владата стави „потпис“ на уредбите со кои се одобрува помош за фирмите и вработените
Foto

Владата стави „потпис“ на уредбите со кои се одобрува помош за фирмите и вработените

Работниците да не потпишуваат доброволни откази за отпуштање од работа, апелира премиерот Спасовски, откако презентираше три економски мерки со кои Владата ќе спасува 250 000 работни места загрозени од коронавирусот. Работодовачите, да бидат солидарни и да земат дел од товарот, зашто како што рече Спасовски, некои прават калкулации и сакаат да добијат во кризата. Додека во Европа веќе се пребројуваат работниците кои останаа без работа, невработеноста кај нас не е драстично зголемена.

„Сакам да упатам апел до работниците, да не потпишуваат спогодби за отпуштање од работа. Државата помага многу на работниците, прави се да ги задржат работните места, а мора и тие да помогнат, и да не потпишуваат спогодбени откази. Има закон кој ги штити, и има две опции кои може да бидат надвор од работните места.“ - Оливер Спасовски.

Спасовски очекува солидарност и од банките, кои деновиве се огласија дека ќе ги одложат ратите на кредитите, но не и каматите. Тој директно им се обрати на менаџерите, да не го гледаат само сопствениот профит.

Може да се пофалиме дека во регионот имаме еден од постабилните банкарски системи и затоа преземаме мерки што ќе го одржат тој банкарски сектор на ова ниво денес и кој ќе биде за помош на државата и граѓаните. Понудени се неколку решенија и очекуваме да видиме какви ќе бидат ефектите. Очекувам дека менаџменетот на банките во овој момент нема да гледа само на сопствениот интерес и профитот и дека малку ќе погледнат и кон граѓаните и државата. И секако ако тоа не се случува и ако јас и Владата гледаме дека тие не сакаат да бидат солидарни, тогаш уредбата со зкаонска сила може во секој момент да биде донесена и да дефинираме што треба да направиме во банкарскито систем, рече премиерот Оливер Спасовски

Компаниите ќе може да изберат дали ќе аплицираат за владината помош во висина од 14.500 денари за секој работник, за април и мај или за помош во висина од 50% од давачките за придонесите. Сопствениците на фирмите нема да може истовремено да ги користат и двете мерки. Барањата ќе се поднесуваат до УЈП преку системот е-даноци, најдоцна до 5 во месецот за претходниот месец. УЈП ќе оценува дали се исполнети барањата. Фирмите кои ќе добијат ваква финансиска поддршка имаат обврска да го задржат истиот број вработени во следните 4 месеци.

Помош од минимална плата им се нуди и на занаетчиите.

0 Коментари

Остави коментари