ВЛАДАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ, ТИЕ БАРААТ УКИНУВАЊЕ
Foto

ВЛАДАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ, ТИЕ БАРААТ УКИНУВАЊЕ

Владата останува на ставот пазарџиите да поседуваат лиценци за работа, но двете страни се обидуваат да постигнат договор за ново законско решение за работењето на пазарџиите, порача Минситерот за економија Крешник Бектеши.

Тој вели дека според се уште актуелниот закон предвидува пазарџиите од јануари треба да поседуваат лиценца за работа која ја обезбедува едно здружение, додека со новото законско решение, според Бектеши, лиценците ќе ги издаваат сите стопански комори. Пазарџиите пак останиваат на своите позиции - лиценците се преголем трошок кој што ја стимулира сивата економија .

0 Коментари

Остави коментари