Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“
Foto

Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов.

Бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“, проектирана на 10 милиони евра, е дел од шестиот пакет антикризни мерки. Предвидува грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори: туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови рабтни места и ги зголемат приходите.

Во април годинава Владата ги задолжи Кабинетот на Битиќи и Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да ги преземат неопходните чекори за операционализација на оваа мерка.

0 Коментари

Остави коментари