Владата ја укинува националната пензија за доајените на културата
Foto

Владата ја укинува националната пензија за доајените на културата

Уметниците ги збуни и вознемири предлог- законот во кој пишува дека се предлага во иднина да се укинат надоместоците за пензиите на доајените на културата и да се укине титулата амбасадор на културата. Дел од нив не сакаа да дадат изјава, со изговор дека чекаат конкретен став од ресорнотот министерство. Великанот и театарска легенда, актерката Милица Стојанова, вели дека утрово ја збуниле телефонските повици од нејзини колеги и дека се чувствува понижено и навредено. Таа прашаува кои се тие личности кои дошле на идеја да ги вознемируват луѓето кој ја создавале културата и ументоста во државата

Од министерството за култура побаравме да ги расјаснат дилемите кои најмногу ги засегна луѓето кои ја креираат уметнста и културата во земјава, оттаму писмено ни одговорија дека станува збор за предлог- закон и доколку има забелешки ќе бидат разгледани. А во предлог законот кој достапен на веб -стрната на Министерството за култура пишува дека надомстокот за пензија се предлага да се укине во иднина

Со предлогот на Законот се предлага да се укине во иднина доделување на правото на дополнителен надоместок покрај пензијата на уметник или стручен работник одобласта на заштитата на културното наследство, од средствата на државниот буџет за култура, преку Министерството за култура, бидејќи ова право претставува дискриминаторски и популистички мерки во однос на активните уметници и други стручни работници во културата кои не се носители на државни награди.“

Актерката Милица Стојанова која добива надоместок на национална пензија во висина од околу десет илјади денари, вели дека никогаш до сега овие средства не ги земала редовно.

Во Предлог- законот кој е подготвен од работна група формирана минатата година со решение на тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, освен укинувањето на надоместокот за пензија, предвивено е и укинување на титулата амбасадор на културата.

 

0 Коментари

Остави коментари