Владата ја одзеде концесијата за Охридското езеро
Foto

Владата ја одзеде концесијата за Охридското езеро

Милорад Чавковски и фирмата „Летница Белвица" од денеска и официјално не е веќе концесионер на Охридското езеро. Министерството за земјоделство и Владата му ја одземаа концесијата откако надлежниот инспекторат утврдил дека обвинувањата на рибарите за вршење криминал врз рибниот фонд и низа други прекршоци се вистинити.

Од Државниот инспекторат информираат дека заловувани биле огромни количества риба во период кога е забранет ловот, па служена во рестораните на Чавковски. Направени биле многу прекршоци, а после сите тие докази одговорност од него ќе бараат и пазарната и трудовата инспекција.

Во меѓувреме рибарите од Радожда повторно се жалат дека изминативе месеци трпеле огромна тортура од концесионерот.Постојано им се заканувал, не им дозволувал да риболоват додека тие секојдневно гледале како тој и неговиот ортак го пустошат рибниот фонд.

Од Министерството за земјоделство најавија дека ќе биде објавен нов јавен повик за стопанисување со Охридско езеро.

0 Коментари

Остави коментари