Владата ја донесе Програмата на економски реформи 2022 - 2024 година
Foto

Владата ја донесе Програмата на економски реформи 2022 - 2024 година

Владата на денешната осма седница ја донесе Програмата за економски реформи (ПЕР 2022 - 2024), во која се идентификувани клучните предизвици коишто треба да ја зајакнат конкурентноста  и растот на економијата.

Со усвоената Програма, како што соопшти владината Прес-служба, следниот тригодишен период фокусот ќе биде ставен на зајакнување на човечкиот капитал за инклузивен развој, поттикнување зелена транзиција, како и подобрување на конкурентноста на домашните  претпријатија, нивна интеграција во глобалните вредносни синџири и формализација на економијата.

- Новина во Програмата на економски реформи 2022-2024 се реформите во животната средина во делот на Зелена транзиција, а коишто се однесуваат на справување со цврстиот отпад и отпадните води. Еден од клучните предизвици е енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, се додава во соопштението од владината седница.

0 Коментари

Остави коментари